При денешната посета на општина Илинден претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на енергетската криза во Македонија истакна дека енергетската криза во државата ескалира, народот втор пат ја плаќа неспособноста на власта да произведе електрична енергија и затоа неопходни се предвремени парламентарни избори за да има одржливо решение и стратегија како Македонија да се развива и проблемите да се решат.

„Веќе во Македонија енергетската криза ескалира, денеска добив документ од кој што можам да заклучам дека само за 10 дена ЕЛЕМ или сегашно ЕСМ Трејд набавува електрична енергија поради тоа што не е способен да произведе во вредност од ниту помалку ниту повеќе 12 милиони и 100  илјади евра, а во моментот трае пресметката на тоа колку сме потрошиле во ноември за набавка на електрична енергија, поради тоа што ЕЛЕМ не е подготвен да произведува, нешто на што апелиравме уште во мај, јуни месец оваа година дека ќе се случи, за жал тогаш како и многупати до сега тврдоглавата влада, владата која што е самобендисана ги отфрли нашите потенцијални антиципации на ова што денеска се случува. И ги игнорираше. Јас сум убеден дека тие се неспособни да излезат од оваа состојба во која што сега се наоѓаат а притоа да не потрошат многу пари на граѓаните. Веќе потрошија 4 милијарди денари пари на граѓаните тоа се 65 милиони евра а зимата е пред нас, допрва ни доаѓаат месеците како декември, јануари февруари. Единствениот начин во моментот да ја пребродат зимата е да потрошат многу пари на граѓаните, и нема друг начин. Прашањето е дали ќе има одговорност, затоа што ние еднаш плаќавме кога овие картели се здружуваа за да местат тендери во РЕК Битола, и да се богатат на грбот на граѓаните, а сега втор пат плаќаме поради нивната неспособност да ги произведат количините електрична енергија кои што им се неопходни на граѓаните да ја поминат зимата. Значи ние ќе потрошиме како држава енормно многу пари, прашањето е дали некој ќе сноси одговорност, затоа што ако нема одговорност, ако вие не знаете каде сте погрешиле, тогаш таа грешка ќе ја повторите, а за жал нема тие да ја платат, ќе ја плати народот и народот ќе биде дополнително осиромашен, тоа е суштината на овој проблем.  Зошто народот континуирано да ги плаќа грешките на СДСМ и оваа влада која што е во заминување. Затоа велиме час поскоро предвремени парламентарни избори, за да има одржливо решение, за да има стратегија и план како треба Македонија понатаму да се развива. Колку подолго овие луѓе, оваа делигитимирана власт во заминување, е таму каде што е толку поголеми ќе бидат проблемите на граѓаните, а јас не гледам капацитетни луѓе кои што тие проблеми можат да ги решат“, истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.