„Врз основа на тие информации што ги имам мислам дека целосно не е креативна актуелната Влада и актуелниот менаџмент. Ценам дека направија низа погрешни чекори изминатиов период, и ценам дека ова кое што сега се случува на енергетски план, до тоа што не доведоа како држава практично на колена не клекнаа бидејќи таква е нивната политика, доаѓање до свршен чин. Неминовни ќе бидат определени рестрикции оваа зима“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во емисија на ТВ Шења.
Мицкоски додаде дека тој пријатно ќе се изненади ако се случи да нема рестрикции.
„Но, ценам дека врз основа на овие информации кои што сега ги поседувам, бидејќи знаете во енергетиката работите не се случуваат од денес за утре, таму треба време да помине. Таква е сложена работата. Треба време да помине, и би бил пресреќен ако успееме на пролет или на лето да се стабилизираме. Сега како што е ваква ситуацијата, врз основа на овие информации кои што ги имам можеби се погрешни не знам, ценам дека не очекува навистина предизвикувачка зима“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека енергетската криза го јаде стандардот на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.