Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во рамки на активностите на ВМРО-ДПМНЕ и неговите лични активности посети неколку стопански објекти во општините Чаир и Бутел.

Во рамки на посетата, Мицкоски оствари средби со голем број стопанственици од кои доби информација во која насока се движи економијата во државата и какви се условите за водењето на бизнис.

Сета онаа перцепција и сите оние информации со кои што располагаме, а коишто ги добиваме од други бизнисмени и претприемачи од другите градови и од другите стопански субјекти се вистинити, односно, практично економијата оди во надолна линија, луѓето се беспомошни, а оние пакет мерки коишто владата ги предвиде не се доволни за да ги покријат загубите во нивното работење.

 

Тоа е заклучокот, имајќи предвид дека повеќе од 50.000 наши сограѓани останаа без работа, односно бројот на лица кои што се ново невработени е поголем од 50.000, понатаму повеќе од 6.000 субјекти изминатиот период згаснаа односно престанаа да постојат – истакна Мицкоски.

Тој истакна дека сакал да разговара со претприемачите ово општините Чаир и во општината Бутел за да види какви се нивните информации и чувства во врска со економската ситуација во државата. Како што истакна Мицкоски тука спаѓаа од најмалите, односно од оние коишто имаат и помали продавници со коишто стопанисуваат, па преку средните  до оние малку поголемите работодавачи.

Продолжуваме со активностите, денеска, утре, деновите кои што следат се до локалните избори. Многу е важно да добиеме правилна информација за да можеме и таква практично програма да направиме, а зошто да не тоа да биде идната владина програма на некое ново владино мнозинство – порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.