Денеска сме во Кочани и ја продолжуваме нашата активност после посетите во Прилеп, Радовиш, Гевгелија, Велес. Согласно планот разговараме со бизнис секторот, разговараме со реалниот сектор. Вчера имавме посета и на Стопанската Комора, денеска практично се надоврзува посетата на состанокот од вчера што го имавме со Стопанската Комора, овде во конфекцијата „Алекс“ – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешнатапосета на Кочани.

Тој нагласи дека државата не треба да биде пречка за бизнисот, државата треба да го стимулира бизнисот. Затоа што без реален и функционален сектор ние ќе ја немаме ниту пак реално функционално државата на располагање, и услугите кои што ги нуди државата се разбира.

Мора да водиме предвидлива политика од аспект на фискалната политика, но и исто така она кое што најмногу им пречи на бизнисмените на реалниот сектор, носењето на закони кои што не биле најавени или закони кои што се носат како ад хок решенија по скратена постапка.
Тоа што како ВМРО-ДПМНЕ и вчера го истакнавме, еве и денеска овдека во Кочани е дека политиката, фискалната политика, даноците ќе бидат предвидливи и реалниот сектор ќе може да ги планира и своите вложувања. Но, и ќе може да го планира својот профит во насока на зголемување на бројот на вработени, зголемување на инвестициите – додаде Мицкоски.

Тој повтори дека ќе се обврзат пред бизнис секторот сите оние законски решенија кои што ќе се носат, да се носат после исцрпна дебата со реалниот сектор но и со други целни групи кои што ќе бидат тие закони наменети.

Нема да бидат ад хок решенија и нема да бидат решенија кои што практично ќе се носат во една избрзана и еднострана процедура во рамките на Парламентот – подвелче Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.