Денеска заедно со потпретседателот и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и Тимчо Муцунски, остваривме средба со Амбасадорот на Република Грција, Димитрис Јанакис, како и со Амбасадорот на Народна Република Кина, Жанг Зуо – напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Темите на двете средби беа актуелните политички случувања во Република Македонија, предвремените парламентарни избори кои претстојат и предизвиците со кои Македонија се соочува на меѓународен план.
Потенцирав дека клучна стратешка определба на Република Македонија останува членството во Европската Унија и во НАТО, и токму затоа веднаш по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на исполнување на значајните реформи, но и на создавање на силна економија со која државата и граѓаните ќе може да ги достигнат европските стандарди.
Истакнав дека актуелната власт предводена од СДСМ потфрли во исполнување на клучните реформи, го наведов заробеното судство, криминалот и високата корупција од страна на функционерите на власта при што ги посочив случаите Рекет 1 и Рекет 2 за кои немаше соодветна истрага, а ниту се блиску до правна завршница.
Нагласив дека во Република Македонија е неопходно итно враќање на владеење на правото и дека мора конечно да се расчисти со криминалот и корупцијата кои го достигнаа зенитот откако СДСМ е на власт – пишува Мицкоски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.