Владата имаше ветување дека ќе направи многу. До каде е реновирањето на гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово, го праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на СДСМ Зоран Заев на телевизискиот дуел на Канал 5.

Заев на ова одговори дека нема одобрение за градба од министерството за образование, затоа не е направена гимнизијата. Мицкоски го праша Заев дали лаже.

-Не се секирајте гимназијата ќе биде изградена, тоа го рекоа и градоначалничката и министерот за кој сега велите дека не дал одобрение. Кој лаже господине Заев, вие или градоначалничката и министерот. Таа кажа дека средствата ќе има нема да се користи за кампања ќе се изгради гимназијата, посочи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.