Доста е веќе од неправди и измами, време е да се исправиме и да исправиме се! – вели во своето видео обраќање до невработените, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и воедно кандидат за премиер, Христијан Мицкоски.

Драги сограѓани, кои поради лошите политики на власта и лошата економска клима сте без работно место. Вам ви е најтешко и ве разбирам. Се обврзувам пред вас дека ќе стимулираме отварање на нови работни места на домашни инвеститори, но и ќе привлечеме странски и домашни инвестиции од над 4 милијарди евра, со цел да ја намалиме невработеноста под 10% – вели во своето обраќање Мицкоски.

Нашата цел е да создадеме услови во Македонија, за секој кој сак да работи, да има каде да се вработи, но и да има можност да отвори сам свој бизнис. Нашата грижа ќе биде насочена и кон социјално ранливите групи, лицата со попреченост и многу други, кои не по своја волја не можат да заработат за себе, и државата е должна да се грижи за егзистенција, вели тој.

Создаваме за сите. Ова е време на одлуки. Исправи се Македонјо! Одбери обнова – повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Порака до невработените

Создаваме за сите. Ова е време на одлуки!#ИсправиСеМакедонијо#ОдбериОбнова

Gepostet von Hristijan Mickoski am Donnerstag, 2. Juli 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.