Народе мој сонувам за големи работи за нашата Македонија, и не е доволно човека само да сонува, туку и да работи на остварување на тој сон. Јас сум подготвен за тоа. Јас го имам правото и честа да зборувам за тие цели, затоа што ги знам, ги имаме дефинирано и затоа што на сцена доаѓа нова генерација на политичари кои го имаат правото да зборат за тие цели, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашниот настан во Битола насловен „30 години се грижиме за Македонија“.
Мицкоски пред присутните посочи дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е во следните 30 години Македонија да биде меѓу првите 15 економии во Европа, како и влез во Европската унија со зачуван идентитет и традиција.
-Нашата цел во следните 30 години мора да биде да влеземе во првите 15 економии во Европа. Да не збориме за мини шенгени како стратешки цели, туку да се бориме стандард да постигнеме како една Австрија. Економијата да расте со просечни од 5 до 6 проценти годишно, а не да се радуваме на секој еден обичен плус во економијата, вели тој.
Нашата нова цел мора да биде да влеземе како Македонци во Европската унија со наш идентитет, и зачувани традиции. Да бидеме на масата на рамноправните, и одвнатре да се бориме за нашите права. И не само влез во Унијата, туку и уривање на границите меѓу земјите и влез во Шенген зоната. Нашата цел за наредните триесет години мора да биде уривање и на последните стереотипи, поделби, клевети и обвинувања. Јас ќе уривам ѕидови кои делат и ќе градам мостови кои што ќе обединуваат. Ќе обединуваат буквално од Липково до Кривогаштани, од Тетово до Штип, истакна Мицкоски.
Мицкоски порача дека целта е да се вратат младите во Македонија, како и да се градат мостови и да се разликуваат помеѓу себе односно како што рече тој да се разликуваме помеѓу себе и по идеите и во натпреварот кој повеќе ќе направи за нашата Македонија.
-Мора да градиме мостови, и да се разликуваме помеѓу себе и да се разликуваме помеѓу себе и по идеите и во натпреварот кој повеќе ќе направи за нашата Македонија. Нашата нова цел мора да биде интегрирано здравство каде луѓе од Европа ќе доаѓаат да се лечат во земјава затоа што имаме знаење и услови за тоа, а не да умираат луѓе по болници затоа што нема ресурси за да се спасуваат човечки животи. Мора да се намалат класните разлики преку жестока битка за стандардот. Целта мора да биде не само едноцифрена невработеност, туку и борба за повисоки плати, за што повисок стандард. Ќе бидеме вистински дел од Европа само ако имаме европски плати и приходи за нашето население. Мојата цел е да имаме европски плати тука во Македонија, а не да ги гледаме децата како ги полнат фабриките и болниците во Европа, Америка и Австралија, вели Мицкоски.
Нашата цел, вели тој, во следните 30 години да ги вратиме децата, семејствата кои се иселија и си заминаа.
Нема град во светот каде нема да најдете Македонец на некоја висока позиција, и ако успеал таму при жестока конкуренција зошто да не успее тука. Да ги вратиме светилките во градовите и селата. Целта во следните 30 години мора да биде Македонија да развие индустрија која ќе биде оддржлива. Каде ќе има барем една фабрика на познат бренд на автомобили, бизнис инкубатори кои ќе генерираат бизниси, и да бидеме седиште на светски компании. Целта во следните 30 години мора да биде не само да влеземе во мапата на 1000 најдобри универзитети во светот, туку да се бориме за првите 100 места во светот, да се бориме со најдобрите. Цела Македонија да има подеднакви шанси за успех, потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.