Македонија преживува тежок период и со оваа власт нема да биде подобро затоа што не знаат, не умеат и немаат план. Ние сме различни од сето ова кое што е за жал наша денешна сурова македонска реалност. Нам интересот на граѓаните ни е пред и над се. Мора поинаку, мора подобро, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него на Македонија не и се потребни пакети за лажлив ПР туку вистинска помош на стопанството и оддржлива стратегија.

Не и се потребни еднократни ад хок мерки туку сигурност план и стратегија. Ние тој план го имаме и тој план го понудивме на граѓаните, а на следните предвремени парламентарни избори повторно ќе го понудиме. На Македонија и е потребна обнова во секоја пора во ова општество и нова енергија која ќе ги решава вистинските проблеми. Имаме стратегија, а економијата мора да се развива, средствата да се трошат наменски со вистинска цел за развој на нашата држава. Гаранција за сето тоа е обновата која ќе ја започнеме и за која заедно со народот на следните предвремени парламентарни избори ќе ја победиме оваа три годишна пандемија предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.