Kоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, при неговото обраќање во Собранието побара да се закаже 36. седница за да може да се изгласа петтиот пакет на економски мерки за спас на граѓаните и стопанството од ковид кризата.

Вчера имавме координации, вонредни координации, па јавноста пренесуваше, па договаравме некои работи, па некои работи не договоривме и тие координации се за тоа, за да знаеме текот на седниците како ќе биде, во спротивно која е причината jас да доаѓам кај вас на координации, ако тоа што го договараме и за што ќе знаеме што ќе се случува не го пренесеме на колегите пратеници.

 

Oд тие причини претседателе по целиот ден што го направивте морам да ви кажам дека треба да престанете да правите театар од Собранието, треба да престанете да ја девалвирате вредноста на институцијата Собрание и на пратениците во ова Собрание. Треба барем еднаш да бидете на висината на задачата и треба да прекинете да ги држите граѓаните, компаниите, пратениците како заложници како ваша внатрепартиска, теснопартиска агенда.

 

Ние сме тука, ве чекаме веќе еден час и дваесет минути од времето коешто рековте дека треба да продолжиме, доаѓа време согласно протоколите, пауза по два часа да направиме и сакам да ве известам и вас и македонската јавност дека 32. седница ние ќе ја напуштиме, и да влеземе за 36. седница, и да им биде јасно на граѓаните дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е цел ден во Собранието и дека чека да ја отпочнете 36. седница со законите од економскиот пакет на мерки кои што граѓаните ги чекаат цело време.

 

Откако сега ќе утврдите дека немате кворум прекинете ја 32. седница, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е надвор и дајте да ги изгласаме овие закони кои ги чекаат граѓаните и да заврши театарот кој што го правите – порача Мицевски во своето обраќање.

Мицевски во своето обраќање посочи дека дека власта нема кворум, односно дека мнозинството во Собранието е слабо.

И сега последниве три дена ја тероризирате јавноста, законите ги држевте во Собранието повеќе од месец дена. Немате кворум и тоа е факт, имате 62 пратеници и слабо ви е мнозинството и тоа е факт, не идат сите пратеници редовно и тоа факт, затоа ве молиме констатирајте дека немате доволно број на пратеници и ставете ја 36. седница како точка на дневен ред по ова да ги изгласаме законите од економскиот пакет на мерки, еден месец ве молиме да се изгласа. За денеска не беа закажани, но ви направивме притисок ние и јавноста и дојдоа точките на дневен ред. Господине Џафери завршете го овој театар, ајде констатирајте дека немате доволен број на пратеници, закажате ја 36. седница, петтиот пакет на мерки иако се недоволни дајте им ги на граѓаните – додаде Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.