Економскиот раст за 2018 година го утнавте три пати, иако на секоја проекција ви укажувавме тоа што сите го гледаа. Нереално се преценивте. Од неработа раст на економијата нема и тоа треба да го запаметите, а особено министрите на кои им виси позицијата од најавената реконструкција која ја очекуваме веќе подолг период. Капиталните расходи за 2018 година се приказна за себе и изнесуваат 30 проценти за 10 месеци согласно првично планираниот буџет. Значи за 10 месеци успеавте да потрошете само 120 милиони евра од предвидените 400 милиони евра, изјави пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски од денешната собраниска говорница.
Според него наместо сега да се разговара за пуштање во употреба на автопати ширум низ Македонија, владата на СДСМ уште го нема пуштено во употреба автопатот Штип- Миладиновци.
-Бруто инвестициите и градежништвото од кога сте дојдени е во слободен пад, вели Мицевски.
Тој додаде дека зголемувањето на даноците не е за да се земe од богатите, за да им се даде на сиромашните како што велат од владата на СДСМ, туку напротив целта е за да се осиромашат земјоделците и оние граѓани кои издаваат недвижнини, кои играат игри на среќа, граѓаните кои што работат на договор на дело.
-Удирате по џебовите на граѓаните и ги осиромашувате. Со буџетот сте предвиделе зголемување на платата на административците за 5 проценти ама ако добиеме датум за преговори за членство во Европската Унија и целата таа администрација треба да зависи од неспособноста на Димитров кој што сите ги нарече искомплексирани, истакна Мицевски.
На крај Мицевски им порача на СДСМ дека власта не е вечна и дека еден ден мора да ја платат цената на се` што ветуваат сега.
Тој нагласи дека граѓаните очекувале живот од СДСМ како што им ветувале, но сега после скоро две години им донеле само црнила и темнина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.