Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на собраниската седница истакна дека обично по говор на министер за финансии за буџетот или за ребалансот на буџетот опозицијата или пратениците бараат стенограм, меѓутоа овојпат нема да го сторат тоа затоа што ова што министерката за финансии го прочитала буквално целиот текст којшто веќе го презентирала на Комисијата за финансирање и буџет.
И морам да кажам дека има една промена. Во говорот што беше за Комисијата пишува „за времето јануари – август“, а бидејќи овде се случува по септември промената е „јануари – септември“, додаде Мицевски. Мицевски рече дека вакво нешто се нема случено во македонскиот парламент.
Госпоѓице министерке, јас не толку до Вас, меѓутоа до пи-ар тимот којшто работи за вас, можеа барем да го променат редоследот на речениците во овој говор, посочи Мицевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.