Како дел од теренските активности ВМРО-ДПМНЕ т.е. „Обновата пред вашиот дом“ и „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вашиот град“ разговаравме со претставници од Регионалната Стопанска Комора од овде од Кавадарци, порача денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
И презентиравме дел од мерките кои што ќе бидат опфатени во програмата „Обнова на Македонија“ за следните предвремени парламентарни избори. Посебен акцент ставивме на мерките што подразбираат намалување на данокот, персоналниот данок практично она кое што во текот на вчерашната прес конференција и го соопштивме на македонската јавност. Но и претходно кое што го комунициравме на состанокот со Стопанската Комора на Македонија во Скопје. Од 10 прво во првите 100 дена на 9%, па потоа на 8%, тука е мерката ослободување на оданочувањето од персонален данок на доход на младите до 29 години. Потоа оние цели на макро економски план, стратешките приоритети кои што ќе бидат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после победата на предвремените парламентарни избори. Она кое што го добивме како повратен ефект од страна на претставниците на реалниот сектор е навистина поздравувањето за овие мерки, предвидливоста во политиките кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги води во периодот кој што следи, на даночните политики, политиките во рамките на Собранието, оние генерални политики бидејќи не сакаат ад хок законски решенија по скратена постапка, истакна Мицкоски.
Генерално тоа беше темата на денешниот состанок, би го окарактеризирал како исклучително успешен и корисен за нас. додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.