Според инфографикот направен од „Рефлектор“ со податоци на Агенција за вработување, кон крајот на август, 36.362 повеќе луѓе бараат работа, за разлика од крајот на март кога започнаа да се затвораат локалите како мерка против пандемијата на коронавирусот.
Па така, доколку во април Агенцијата за вработување регистрирала 107.732 лица кои активно барале работа, кон крајот на август бројката на лица кои бараат работа е во пораст и изнесува 144.094 лица.
Според инфографикот направен од „Рефлектор“ со податоци на Агенција за вработување, во април и мај се зголемил бројот на невработени лица за 12. 297.
Според податоците на Државен завод за статистика, „Рефлектор“ известува дека просечната плата во април е за 5 отсто пониска од просечната плата во февруари.
Доколку во февруари просечната плата изнесувала 27,206 денари, во март се забележува намалување од 784 денари, па мартовската просечна плата изнесува 26.422 денари. Сепак, трендот на намалување продолжува и во април со намалување од 592 денари и априлската плата е сведена на 25.830 денари.
Со тоа, разликата помеѓу платите во февруари и април изнесува 1376 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.