Мерката „Зелена нафта“ е квази мерка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта на СДСМ продолжува без срам да ги лаже граѓаните. Со мерката „Зелена нафта“ власта предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци. Од оваа популистичка и неефективна мерка земјоделците нема да имаат никаква корист. Со оваа мерка СДСМ не ги решава проблемите на земјоделците – нагласуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие имаат проблем со пласманот и цената на нивните производи. Поради лаги и лошите политики во земјоделието СДСМ треба веднаш да си замине од власт и да се распишат предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе победи на предвремените парламентарни избори ќе започне ерата на реални мерки за македонското земјоделство, потенцираат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.