Босанската компанија „Енергоинвест“ и хрватската компанија „Кончар“ ќе ги градат новиот 400-киловолтен интерконективен далекувод со кој земјава ќе се поврзе со Албанија и новата 400/110 киловотна трафостаница во Охрид. Двата проекта МЕПСО ќе го чинат вкупно 35 милиони евра.
Парите се обезбедени со кредит од ЕБОР и грант на Инвестицискиот фонд на Запaден Балкан.
Интерконективниот далекуводот кој ќе ги поврзе електропреносните системи на земјава со Албанија ќе го изведува босанската компанија „Енергоинвест“. За реализација на овој проект се обезбедени пари во износ од 17,22 милиони евра од ЕБОР. Новата трафостаница во Охрид и проширувањето на трафостаницата Битола два ќе ја гради компанијата „Кончар“ од Загреб. Ќе чини 16,95 милиони евра од ЕБОР – информираше генералната директорка на МЕПСО, Ева Шуклева по потпишувањето на договорите со двете компании.
Далекуводот, како што рече Шулева, ќе биде прво поврзување на енергетските системи на Македонија и Албанија и ќе биде ставен во функција Коридорот 8, додека пак новата трансформаторска станица во Охрид ќе обезбеди квалитетна електрична енергија во наредните 30 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.