Одредена група угостители на големо ги имаа пречекорено мерките за заштита од Ковид-19, вели за МИА, директорот на Пазарна инспекција, Стојко Пауновски. Заради овие причини инспекторите на Пазарна инспекција, како и во изминатиот период и во претстојните денови ќе вршат контроли низ цела држава.
Некогаш не е до самите газди, туку и до совеста на гостите. Менталитетот балкански е таков, стануваат, скокаат. Моментно на терен се 12 групи инспектори. Значи, контроли ќе се вршат и во текот на денот. Претходно кривични пријави поднесовме за неколку угостителски објекти во Струга и Скопје. Пречекорување на работно време и непочитување на протоколите за Ковид-19 се едни од причините за изрекување на овие пријави – изјави Пауновски за МИА.
Последниот извештај на Министерството за здравство што беше објавен вчера за претходното деноноќие покажа дека во државава има нови 225 пациенти заразени од Ковид -19. Поради оваа бројка министерот за здравство Венко Филипче вчера имаше вонреден состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, на кој е констатирано дека по точна анализа на епидемилошката состојба ќе се знае дали и какви мерки ќе се донесат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.