Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс Рисирсис потврди дека компанијата за развој и управување со рударскиот комплекс Иловица – Штука, Еуромакс Рисорсис Македонија е во 100-процентна сопственост на Еуромакс Ресоурцес Лимитед, мајката компанија која е регистрирана во Ванкувер во Канада и котира на престижната Берза за хартии од вредност во Торонто.

Тој објаснува дека компанијата има обврска кон своите инвеститори, како и кон акционерите на Берзата во Торонто транспарентно да ги објавува сите информации поврзани со финансиското работење на компанијата, како и нејзините акционери.

„Компанијата Еуромакс Ресоурецс Лимитед има диверзифициран меѓународен акционерски капитал што доаѓа од компании од земјите како Канада, САД, Англија, Швајцарија и земји од ЕУ. Сите овие инвеститори го стекнуваат својот удел во компанијата преку финансирање во проектот и очекувањата на сите се дека ова ќе биде проект од светска класа. Односно рудник што ќе биде управуван, организиран и со производство по највисоките стандарди за заштита на животната средина, социјалите аспекти и секако со примена на сите најнови технологии на рударството на 21 век“, изјави д-р Живко Груевски, одговорен за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс Ресоурцес.

Грувески дообјаснува дека во првите две години од изградбата ќе вработи околу 1.000 лица, а потоа во периодот на работа на рудникот ќе вработи 500 лица. Преку соработници и снабдувачи ќе се ангажираат дополнителни 2.700 лица. Досега во Проектот се инвестирани повеќе од 50 милиони евра, а за првата фаза на изградба предвидени се околу 340 милиони евра. Инвестицискиот проект се очекува да придонесе за зголемување на бруто домашниот производ за 3% на годишно ниво и да се квалификува во првите ТОП 3 извозни компании од Република Македонија.

Со ова добија потврда зборовите на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски дека Галена рисорсис еквилит лимитид од Кајманските острови ќе се стекне со контрола на Еуромакс рисосрсис која што е носител на коцесијата за Иловица. Галена рисорсис еквилит лимитид е регистрирана со седиште на Мејпл порпр ексервес лимитид на Гранд кајман на Кајмански острови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.