И покрај кривичната пријава, ноќниот клуб „Аватар“ вчеравечер одржал голема забава со музика во живо во Струмица, а менаџментот за неколку национални телевизии денеска тврди дека објектот и дејноста се регистрирани како кафуле, а не ноќен клуб.
Од таму велат дека работат на отворено, масите се раздвоени и дека не можат да им наложат на гостите со сила да носат заштитни маски, додека како што велат тие, има слични забави и кај други објекти.
Иако има забрана за работа на ноќните клубови, во Струмица во клубот „Аватар“ и во петокот и во саботата се одржале журки, по што пазарниот инспекторат денеска ќе бара законски основи како да биде казнет субјектот.
Одредени медиуми информираат дека „Аватар“ може да биде санкциониран за „предизвикување општа опасност“ и дека поканите за ноќни забави се избришани од социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.