Македонските мелничари денес објавија дека веќе 25 дена не можат да извезуваат затоа што косовските власти враќаат камиони со брашно под изговор дека нивото на железо и фолна киселина во него е под пропишаното ниво.
Во последните 25 дена, Косово ги враќа нашите камиони под изговор дека нивото на железо и фолна киселина е под пропишаните стандарди, иако тестирањето на брашното во нашите акредитирани лаборатории пред испораката и по враќањето откри дека содржи повеќе од минимална количина железо и фолна киселина“, рекол претседателот на Групацијата на мелници и пекари во македонската стопанска комора, Горан Малишиќ за МИА.
Малишиќ вели дека и АХВ и Министерството за економијаза проблемот се информирани уште пред три недели, но состанок е закажан за утре. На него ќе се бара од Бектеши да го реши проблемот со извозот, како и неконтролираниот увоз на брашно со околните држави кои се потписнички на ЦЕФТА. Велат не може само ние како држава да трпиме штети во опкружувањето.
Министерството за економија е во комуникација со косовските власти за настанатиот проблем со извоз на брашно на косовскиот пазар. Во текот на утрешниот ден заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство ќе оствариме состанок со претставници на Мелничко-пекарската индустрија со цел за изнаоѓање на решение. Во зависност од информациите и од косовската страна и од мелничко-пекарската индустрија ќе бидат превземени соодветни мерки, соопштија од министерството.
Месечно на косовскиот пазар завршуваат минимум 600 тони македонско брашно. Лани сме извезле 4.400, а во 2019 година 8.400 тони брашно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.