Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија.

Поради трагедијата, МАТТО го откажа и за денеска најавениот бизнис настан на кој требаше да има деловни средби со претставници од Стопанската комора на Косово – Турција (КТТО) и од Здружението на стопанственици и занаетчии „ЕСНАФ“ од Косово.

Почитувани членки, поради големата трагедија за нашата држава несреќата која се случи ноќта во Бугарија, изразуваме сочувство до семејствата и оние кои за жал ги изгубија своите животи. Нека почиваат во мир – наведуваат од МАТТО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.