Компанијата Маркарт Македонија излезе со соопштение во кое се вели дека поради новонастанатата ситуација, ќе има прекин во работата следната седмица. 650 лица ќе седат дома поради тоа што кај нив во посета бил деловен партнер, кој подоцна бил позитивен на ковид -19.

Маркарт Македонија како транспарентна и одговорна компанија, која максимално ги почитува мерките за здравје и безбедност при работа од самото основање на компанијата, а особено во услови на пандемија, каде на прво место е здравјето на вработените би сакала да ја информира јавноста, особено жителите на Општина Велес, дека лице вработено во надворешна компанија, деловен партнер на Маркарт, е позитивно на Корона вирус. Ова лице не е во директен контакт со вработените на Маркарт Македонија и затоа нема простор за паника. Менаџментот на Маркарт Македонија и покрај сите спроведени мерки, а со цел целосна превенција и сведување на минимум на можноста за ширење на вирусот, донесе одлука за затварање на фабриката во текот на наредната недела. Довербата е основа за секоја соработка. Добивањето нечија доверба често е долг процес, а губењето на истата може да се случи одеднаш. Веруваме дека нашите деловни партнери, вработени, сограѓани се однесуваат одговорно и целосно се во согласност со законот, мерките и препораките. Ние работиме заедно и ги користиме сите наши заеднички сили за да ги одржиме нашите вработени безбедни и здрави“, стои во соопштението на Маркарт.

Одтаму велат дека до сега се запазени сите мерки за превенција за заштита од коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.