Вработувања имало и ќе има и тие се во согласност со годишните програми и потреби на институциите. Немаат никаква врска со изборите. Се работи за редовна активност што се случуваше и кога немаше најавено избори, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со новите огласи за вработување, Манчевски рече се работи за редовна активност што се случува секоја година и нема врска со најавените избори.

Вработувањата ќе продолжат и во иднина и ова се случуваше и кога немаше најавено избори – истакна Манчевски, појаснувајќи дека на крајот на секоја година има раскинување на сите договори на определено време, бидејќи тие се планирани со буџетот за таа година, но оти за следната година доколку институциите имаат потреба, ќе бидат распишани нови огласи за вработување на определено време



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.