Министерот Манчевски денеска го претстави Централниот регистар на население. Податоците ќе бидат користени од надлежните институции за потребите при давање на услуги.
Регистарот ќе биде помошна алатка при спроведување на Попис и при пречистување на Избирачкиот список.
При промена на личен податок во една институција, промената ќе биде извршена во сите институции поврзани на системот на Регистарот. Граѓаните ќе можат да направат увид на своите податоци или на своите малолетни деца. При евентуални грешки МИОА нема да може да ги промени, но ќе ги насочува граѓаните каде ќе можат да го сторат тоа.
Министерот Манчевски вели дека ажурирањето и размената на податоците ќе се врши согласно Законот за заштита на лични податоци.
Поради тоа што не смее да се размени eдинствениот матичен број, МИОА ќе воведе eдинствен електронски број за секој граѓанин, која ќе помогне во комуникацијата меѓу институциите. Тој број ќе се добива преку алгоритам кој по случаен пат ќе го додели. Манчевски вели дека граѓаните нема да имаат потреба да го знаат тој број, бидејќи негова функција ќе биде институциите да имаат увид за кое лице станува збор.
Во следниот период треба да биде пуштен во употреба и Националниот портал. Манчевски вели дека е готов, но потребен е тест период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.