Лектор по македонски јазик во Министерството за информатичко општество и администрација нема вработено, ниту ќе има бидејќи ресорниот министер Дамјан Манчевски решил да работи домаќински и да не ги фрла парите за лектори иако тоа е законска обврска.
Пред неколку дена бев на една друга телевизија, ме прашуваа дали имате лектор по македонски јазик во МИОА и викам немам. Па знаете ли дека имате законска обврска? И сега треба да вработам, така? И ред други законски обврски, ова е само еден пример. Тоа е жива материја, ама каде е одговорното однесување да се следат потребите на институциите, да се следи одливот или да се намали приливот- појасни Манчевски на гостувањето во 1ТВ.
Од друга страна, додека штеди на лектори, истиот министер Манчевски на 14 јануари распилаш конкурс за вработување 7 (седум) лица на определено време до крајот на тековната фискална 2019 година.
Во огласот бара помлад соработник за координација и следење на стратешки планови, во Одделение за стратешко планирање, анализа на мониторинг на политиките, во Сектор за стратешко планирање ЕУ интеграција и меѓународна соработка, помлад соработник за следење и известување на ИПА проекти, во Одделение за ИПА фондови, во Сектор за стратешко планирање ЕУ интеграција и меѓународна соработка, помлад соработник за организација и спроведување на стручно усовршување за административни службеници и вработени во јавен сектор во училница, во Одделение за организација, координација и спроведување на стручно усовршување во училница и преку електронски систем за управување обуки, во Академија за стручно усовршување на административните службеници, референт за поддршка на проектите „Светот на дланка бесплатни интернет клубови” и „Компјутер за секое дете” југозападен регион, во Одделение за ИКТ проекти, во Сектор за развој на информатичко општество, советник за слободен пристап до информации од јавен карактер и соработка со државно правобранителство и народниот правобранител, во Одделение правни работи, во Сектор за поддршка, општи и правни работи на министерството, референт за поддршка на проектите „Светот на дланка бесплатни интернет клубови” и „Компјутер за секое дете” северозападен регион во Одделение за ИКТ проекти, во Сектор за развоj и промоција на информатичко општество и помлад референт за поддршка на проектите „Светот на дланка бесплатни интернет клубови” и „Компјутер за секое дете” североисточен регион во Одделение за ИКТ проекти, во Сектор за развој и промоција на информатичко општество.
Изгледа не е до парите, до приоритетите е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.