Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков прогласи енергетска вонредна состојба во државата.
Ја повикувам Владата да преземе сериозни чекори во однос на моменталната состојба која ќе следи и притоа сите граѓани, компании и лиценцирани снабдувачи и трговци на електрична енергија ќе претрпат огромни финансиски штета. Неочекуваното поскапување на берзата на струја, ќе ги банкротира сите лиценцирани снабдувачи во државата, а граѓаните и компаниите ќе бидат финансиски казнети. Ја замолувам Владата на сериозност во преземање веднаш мерки и активности, со цел да се избегнее оваа економска финансиска криза која ќе ја зафати цела Македонија, напиша на фејсбук претседателот на СКЕМ, Ѓорѓи Манасков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.