Како стареат сточарите, така се празнат трлата во Малешевијата. Младите од регионот се иселија што доведе до значително намалување на сточниот фонд, посебно на овците. Тоа може да биде и сериозен удар за двата најзначјни брендови – познатото сирење и јагне.
Трудот на сточарите им го јаде и ниската откупна цена. Секое продадено јагне им книжи загуба од 30 до 40 денари.
Земјоделските здруженија сметаат дека тешко може да се врати овчарството во овој регион од државата, а двата значајни брендови на Малешевијата се веќе загрозени оти статадата со овци се бројат на прсти.
Порано во Малешевијата годишно се произведувале во просек околу 20.000 канти сирење, но иселувањето заедно со неорганизираниот пласман од година во година го намалува производството
Извор: 24.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.