Извршители денеска излегуваат на протест против Владата која предизборно се подготвува да им ги укине скапите награди.
Протестот е официјално најавен и преку истиот извршителите сакаат да го изразат незадоволството од новиот тарифник кој го подготвува Министерството за правда.
Доколку Министерството за правда пристапи кон измена на Тарифата како што е предложено, без позитивно мислење од Собранието на Комората на извршители, извршителите трајно ќе прекинат со работа сметано од денот на објавата на изменетата Тарифа во Службен весник, се вели во официјалната одлука на Комората на извршители.
Она што е познато е дека тие на последното Собрание се одлучија за денес да ги затворат канцелариите во знак на револт што им се намалува максималната награда која можат да ја наплатат при извршување од 1 000 на 300 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.