Македонското масло од канабис не се извезува, туку се складира во магацин и чека да биде надмината законската пречка за извоз на европските пазари.  Голем број компании кои произведуваат медицински канабис работат на исполнување на строгите киритериуми што ги бара ЕУ и плаќаат и по 30.000 евра за овластена комисија од странство да направи увид.

Најрано извозот би започнал следната година, до кога треба да поминат и измените на Законот за опојни дроги, со кои ќе можат да извезуваат и цвет, објави Сител.

Производителите на медицински канабис велат дека и во земјата мора да има добро дефинирање на законот бидејќи досега многу фирми не биле свесни што ги чека откако ќе ја добијат лиценцата. Немаат ништо против најавите на министерот за здравство дека ќе има данок на извозот.

Досега 23 компании во земјата имаат лиценци за производтсво на медицински канабис. Пред еден месец формирале и здружение за полесно да дејствуваат и да бидат вклучени во подзаконските акти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.