Царинската управа на Република Македонија успешно ја заврши постапката за меѓународна валидација на Програмата за Овластен економски оператор (ОЕО).
Како што информираат од Царината, во извештајот на меѓународните валидатори од земјите членки на ЦЕФТА, ЦЕФТА Секретаријатот, Европската Комисија и експерти на ГИЗ, Програмата за ОЕО на Република Македонија е оценета со највисоко ниво, при што е потврдено дека законски е усогласена со законодавството на ЕУ, а постапките и процесите се во согласност со меѓународните стандарди на ЕУ и на Светската царинска организација.
Со меѓународното признавање, македонските ОЕО, покрај погодностите во нашата држава, ќе имаат големи погодности и во земјите на ЦЕФТА, како што се приоритетно минување на граничните промени, помалку контроли, избегнување на дупло поднесување на документи, бесплатни обуки.
Постапката за меѓународно признавање почна во јуни 2020 година и Република Македонија е прва земја во ЦЕФТА што доби меѓународно признавање.
Список на компании што се Овластен економски оператор може да се прочита на следниов ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.