Ова, според извршниот директор Антони Пешев, е најмалку што може да го направи Владата во услови кога вакцинацијата е незадолжителна а се заканува нов КОВИД бран. Предупреди дека компаниите се кревки и не би издржиле уште еднаш да се под клуч.

Не сакаме да се расправаме ни со синдикати ниту со некои други. Државата мора да најде механизам ако ништо друго да направи скрининг со евтини тестови и да се прави скринингот од време на време или да обезбеди тестови по исклучително ниски цени за да компаниите можат да го прават тој скрининг еднаш до два пати во месецот. Капацитетите на нашите компании не се такви да издржат уште еден локдаун“, вели Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора на Македонија

Состојбата, пак, со струјата е алармантна а нејзината цена е зголемена и за седум пати. Комората е на готовс да активира и сопствена фирма преку која директно ќе набавува струја од светските пазари за трговците бидејќи класичниот увоз во моментов е неисплатлив.

Ќе направиме се што е во наша моќ да енергијата во државата дојде. Целта не ни е да се занимаваме со енергетика ниту, пак, да прафиме некаков бенефит од таа работа – целта ни е да најдеме енергија за да компаниите продолжат да работат“, вели Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора на Македонија.

Комората апелира на зголемено домашно производство и активирање на ТЕЦ Неготино за кој од Владата добиле уверување дека ќе стартува со работа на почетокот од декември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.