Пратка испратена од Германија до Република Македонија не може да биде подигната од царина затоа што во името на државата недостасувало „Северна“. Актерката Камка Тоциновски на својот фејсбук профил посочи дека проблемот е настанат на македонската царина.

-Стигнат пакет од Германија со адреса Република Македонија. Овдешната царина не дозволува да се подигне затоа што не е на Македонија. Хунто една низаедна – напиша Тоциновски.

Таа во коментар под објавата тврди дека налагаат пратката да се врати назд во Германија и истата да иде адресирана со Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.