Според податоците што ги објавува Гоце Димовски од ГД консалтинг на Твитер, а повикувајќи се Народните банки на Македонија, Србија, Албанија и Косово, нашата земја е дното според Странски директни инвестиции (СДИ), но и според Прилив на СДИ по глава на жител за првата половина од 2021 година споредено со земјите од регионот.

Најмногу инвестиции има во Србија 1.720.000.000 евра, па следи Албанија со 463.000.000 евра, Косово 277.894.321 и Македонија 244.300.000 евра.

Прилив на Странски директни инвестиции (СДИ) за првата половина од 2021 година споредено со земјите од регионот.

Прилив на СДИ по глава на жител за првата половина од 2021 година споредено со земјите од регионот.

И според приливот на СДИ по глава на жител за првата половина од 2021 година, Србија е водечка со 247 евра по жител, Албанија 164, Косово 157 и Македонија 118.

Според 2 (двата) графикони Македонија e закована на дното.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.