„Фајненшл тајмс“ во својот специјализиран сервис го објави индексот за успешност на Гринфилд инвестициите ФДИ за 2019.

Според ранг листите за странски директни инвестиции Македонија бележи огромен пaaд за само 2 години во делот на инвестиции во ТИРЗ зоните но и надвор од нив.

За илустрација во 2016 година бевме на високото 3-то место за само 2 годни подоцна да доживееме пaaд од 15 места и сега сме на 18-то место.

Странски инвестиции во Македонија нема, она што се прикажува како инвестиции од странски фирми е реинвестираната добивка на претпријатијата кои дојдоа во времето кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт.

Оттука се поставува прашањето каде се тие милијарди евра странски инвестиции кои СДСМ, Зоран Заев и директорот на ТИРЗ Александар Младеновски ни ги ветуваат 3 години?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.