Највисоката просечна плата во регионот за мај оваа година е исплатена во Словенија и изнесува 1.113,88 евра, додека најниската во Македонија и изнесува 413,67 евра.

Просечната плата во Хрватска изнесува 886 евра, во Црна Гора за јуни била исплатена плата од 516 евра, Босна и Херцеговина има просечна плата од 472 евра, додека Србија 470 евра.

Властите во Македонија постојано потенцираат дека просечната плата во земјава бележи континуиран раст. Владата на СДСМ се стреми во нејзиниот мандат да достигне до зголемување на просечната плата од 500 евра, што засега делува недостижно.

Со просечна плата од 413 евра, примањата на Македонците се непропорционални со трошоците. Според синдикалната кошница на ССМ на четиричлено семејство во месец јуни му требале 531 евро за да ги покрие основните трошоци. Последните статистики на Евростат, пак, говорат дека 61 отсто од Македонците не можат да си дозволат одмор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.