На официјалната страница на Народната банка објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 2.4 милијарди денари или скоро 39 милиони евра.
Ова е едно од низата задолжувања што Владата ги направи од почетокот на годината но сега се задолжува сред претседателска кампања.
Економистите коментираат дека со ваквото динамично темно на задолжување непропатено со исто динамично темпо на капитални инвестиции македонската економија се движи кон колапс.
Капиталните инвестиции се од витално значење на економијата, а со нив тесно е поврзано и градежништвото кое е еден од носечките столбови во градењето на Бруто домашниот производ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.