Според Народната банка на РМ, во текот на третиот квартал од 2021 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 38,6 милиони евра, како резултат на нето-приливите кај: сопственичкиот капитал (48,4 милиони евра) и реинвестираната добивка (26,2 милиона евра), при нето-одливи кај меѓукомпанискиот долг (од 36 милиони евра).
Во периодот јануари-септември 2021 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 285,6 милиони евра, главно како резултат на реинвестираната добивка и сопственичкиот капитал (196,7 милиони евра и 113,2 милиони евра, соодветно), во услови на намалени нето-обврски врз основа на меѓукомпаниски долг (за 24,3 милион евра).
Во првите шест месеци, според табелата на „Конзерватив.мк“, што наголемо се споделува по социјалните мрежи, странските инвестиции се 244 милиони евра (според НБМ изнесуваат 247 милиони), додека во истиот период, Косово бележи 277 милиони евра инвестиции, Албанија 463 милиони, а Србија 1,7 милијарди евра.
Македонија беше на последно место според странските инвестиции и минатата година.
Лошоте услови за странските инвестиции во Македонија е отсликана и во Индексот за успешност на странските инвестиции, рангирањето што го врши угледниот британски „Фајненшл тајмс“, каде што Македонија во 2016 година беше на третото место, додека во последните две-три години ја нема ниту првите 50 држави во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.