Македонија не е ниту рангирана на листата на најдобри автопати во Извештајот на Светскиот економски форум, според кој годинава за најдобри во светот се прогласени патиштата во Обединетите Арапски Емирати, пишува „Пресинг“.
ОАЕ успеаја да станат лидер на планетата по квалитетот на патиштата, со практично непостоечка инфраструктура, користејќи најсовремени технологии и градежни материјали. Во 2014 година, „Емирати“ започна петгодишна инвестиција од скоро 100 милијарди американски долари во патната инфраструктура и здравството, давајќи резултати.
На листата од 137 земји, втора по ред е Сингапур, па Швајцарија. Меѓу првите десет земји се наоѓаат Хонг Конг, Холандија, Јапонија, Франција, Португалија, Австрија, САД.
Од земјите од регионот, Хрватска е најдобро позиционирана и се наоѓа на 19-то место, Грција е на 44. место, Словенија е на 51. место, Албанија на 57. место, на 88. место е Црна Гора, на 93. место е Бугарија, на 100 место е Србија, а на 109. место е Босна и Херцеговина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.