Македонија може да остане без струја затоа што за Заевци се поважни тендерите од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Директорот на МЕПСО призна дека владата крадела струја од европскиот систем, и за тоа ќе плати 15 милиони евра за еден месец.

Македонија е предупредувана неколку пати заради кражбите на струја, но државата немала друга опција бидејќи Заев ја доведе до состојба на неодржливост на енергетскиот систем.

РЕК Битола е оставена без јаглен, ТЕЦ Неготино е без мазут, а не знаеме ниту кога ниту како би почнало со работа. Хидро акумулациите се празни. Единствен виновник за се ова е Заев и луѓето околу него, кои од РЕК направија златна кокошка за себе во изминативе 5 години, се вели во нивното соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев и луѓето околу него не се способни да го решат проблемот и треба да си заминат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.