Во дебата на МТВ, министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека за набавка на вакцини против Ковид-19 во Буџетот се планирани 390 милиони денари односно 6,7 милиони евра.
бесими додаде дека за лекот „ремдесивер“, пак, се издвоени 67,5 милиони денари (1,1 милиони евра).
Од кредитот со Светска банка 90 милиони предвидено е и за вакцина, а на годишните средби исто така кажаа дека дополнително ќе ѝ дадат на државата само за вакцина. Значи, има обезбедени средства и доколку се покаже потреба за повеќе, но засега има доволно средства предвидено за вакцини – изјави Бесими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.