Одлуката за зголемување на цената на струјата  предизвика голем број реакции на социјалните мрежи, а поранешниот советник на министерот Тевдовски во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ на Фејсбук направи споредба со начинот на кој други земји се справиле со кризата предизвикана од Ковид-19, а притоа ги заштитиле интересите на граѓаните.

Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.

Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.
Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.

Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.
Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.

Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа, напиша Бранимир Јовановиќ на ФБ.

Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не…

Gepostet von Branimir Jovanovic am Freitag, 31. Juli 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.