Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и високите претставници од секторите за безбедност на храна, здравствена заштита и благосостојба при Министерството за земјоделство и рурален развој и Директоратот за безбедност на храна на Албанија договориле унапредување на соработката меѓу Македонија и Албанија на полето на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните.
На одржаниот работен состанокот договорено е унапредување на трговијата со живи животни меѓу двете држави, а разгледани се и активностите што се преземаат од надлежните ветеринарни служби на полето на здравствената заштита и благосостојбата на животните, како мерки за обезбедување на стабилност со болестите кај животните на регионален план.
Претставниците на албанското Министерство за земјоделство и рурален развој го презентирале интересот на Албанија за извоз на производи во нашата земја за што заеднички се разгледани условите што за тоа треба да бидат исполнети од нивна страна.
Договорено е, преку потпишување меморандум за соработка, наскоро да се официјализира и соработката на македонските и албанските институции одговорни за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.