Македонија е меѓу земјите кои лани имале висок ризик од изложеност од сиромаштија. Во земјава околу 35 отсто население е под влијание на овој ризик, покажуваат податоците Евростат за 2020 година.
Податоците на Евростат се однесуваат на земјите-членки на Европска унија, Европската економска област и земјите од Западен Балкан.
Најлошо разнгирана земја од регионот е Албнија каде што над половина од населението (51 отсто) било изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост.
По Албанија следат Црна Гора со 40 отсто од популацијата и Турција со 38 отсто од населението изложено на ризик од сиромаштија.
Просечниот ризик од сиромаштија и социјална исклученост, според Евростат, е 21,9 отсто, што се однесува на 96,5 милиони луѓе.
Во категоријата „ризик на сиромаштија“, според Евростат, спаѓаат домаќинства кои се соочуваат со тешка материјална и социјална ранливост, не можат да си дозволат одредени материјални работи или социјални активности или имаат многу низок интензитет на работа, ниво на образование и друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.