Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) денеска започна кампања за спречување на африканската свинска чума во девет земји од Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, која е опишана како земја со висок ризик од развој на болеста.

Покрај Македонија, се проценува дека опасноста им се заканува и на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Црна Гора, Србија, Словенија и Косово, објави ЕФСА.

Имено, овој вирус не е опасен за луѓето, но е смртоносен за домашните и дивите свињи и може да има разорни економски последици во погодените земји.

Во последните четири години, 1,3 милиони свињи умреле во Европа како резултат на инфекција со вирусот на африканска свинска чума.

Затоа, кампањата е насочена кон земјите кои ЕФСА 2019 ги ​​идентификуваше како „загрижувачки регион“ поради близината на оние во кои е присутна заразната болест.

Според ЕФСА, кампањата ќе придонесе за заедничките напори на Европската комисија и другите меѓународни организации кои работат на искоренување на африканската свинска чума во Европа, каде што бројот на епидемии се зголемува со текот на годините, а болеста е сè уште присутна во многу европски земји.

Според известувањата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Република Македонија досега не е пријавен случај на Африканска чума. Агенцијата согласно мерките за претпазливост од 2017 – 2019 година има преземено повеќе мерки и активности за да не дојде до појавување на оваа болест на територијата на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.