Макам-Транс, здружението на транспортери, ќе анализира дали ќе протестира против најавеното воведување на еколошка такса. Од таму велат дека нив транспортерите како превозно средство им се потребни за остварување на комерцијални цели и воведувањето на оваа давачка ќе им ги зголеми трошоците за 4,13 денари по литар. Асоцијацијата веќе испратила допис до Владата и до Министерството за финансии.

Владата ќе воведе еколошка такса за литар дизел и за бензините од 3,5 денари од 1 јули, соопшти вчера премиерот Зоран Заев. Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните.

По најавата од страна на премиерот и министерот за финансии за воведување на еколошка такса со која ќе бидат опфатени нафтените деривати при што се очекува зголемување на цената на нафтата за 4,13 денари/литар, Асоцијација Макам-транс испрати допис до Влада и до Министерство за финансии како реакција за не вклучување на превозниците во анализите за оваа мерка како најголеми потрошувачи на нафтени деривати и не примена на еколошка суштина која се практикува како стимулативна мерка во државите членки на ЕУ, се вели во соопштението на Макам-Транс.

Од таму велат дека дописот е првиот чекор кој асоцијацијата го презеде како реакција на горенаведената мерка, а понатаму ќе следи анализа дали ќе се протестира.

Во наредниот период предвидени се состаноци со надлежните органи и обид за промена на најавената мерка, за таа цел се одлучивме да спроведеме анкета за да се анализира состојбата и спремноста на превозниците за спроведување на отпор во различни облици, најавуваат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.