Бура од реакции предизвикува на социјалните мрежи изјавата на министерот Дамјан Манчевски дека непотребните лица од јавната администрација ќе бидат нудени во приватниот сектор, каде според него, тие би биле повеќе мотивирани за работа.
Владата предвидува субвенции за приватните фирми кои би вработиле лица од јавната администрација.
Министерот за администрација Дамјан Манчевски рече дека до до крајот на годинава треба да заврши реорганизацијата на државната администрација. Предвидено е некаде да се намалува бројот на административци, некаде да се зголемува, а ако е потребно и да се затворат некои институции.
Прво реагираше Синдикатот на администрацијата и судството. Синдикатот се чувствува изневерен од Владата, откако првично им било ветено дека ќе им ги прифати забелешките, но сега во предложените измени нив ги нема.
На социјалните мрежи реакцијата е жестока:
Ја стварно не знам од кај им се идеиве на сдс. Сите плачат за државно јер клати врата – зимај плата, а Манчевски смета дека ќе се мотивирале у приватен сектор.
— Тетка Ики (@Tetkicai) September 27, 2019
Приватните компании ќе добивале субвенции за работниците кои ќе ги преземат од администрацијата, а Манчевски вели “Во различни ситуации ќе има различни мерки”. Додека го легализираат “јадењето живи луѓе”, ја полнат државната администрација и во моментов вработуваат над 50 лица.
— Igor Janushev (@janushOT) September 27, 2019
Си вложуваш свој капитал, си отвораш фирма, со 24/7 работа ја правиш успешна и ти доаѓа Дамјан Манчевски, ти вели, еве ти едни за ништо шо не ги бива, земи ги, ќе им ги плаќаме придонесите некое време….
— Нервозната (@toopersonal_1) September 26, 2019
Парадоксот на Манчевски :
На службениците кои ја уништија државната служба, ќе им биде понудена повисока плата за да го сјебат приватниот сектор. pic.twitter.com/XTvIwTuO6E— Санко (@SankoSane) September 27, 2019
Манчевски: Непотребните лица од администрацијата ќе бидат НУДЕНИ во приватниот сектор.
Како ќе ги нудите @d_manchevski, не ни требаат,не работат,не ги бива а овие вработени по рамковен и не одат на работа, сакаш ти приватна фирмо да ги вработиш и да им плаќаш придонеси и плата?
— Мартиан (@MartianFromMKD) September 26, 2019
#WTF? Јас ова добро го читам или нешто полуделе, значи овие кои не работата ефикасно ќе им биде понудена повисока плата во приватен сектор кој што секако би ги земал пошто овие не работат ефикасно? #Манчевски кој го смислил концептов, кај го најдовте? pic.twitter.com/nwUvxfs1Se
— Darko (@OtecDare) September 26, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.