М-НАВ контра тврдењето на Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата на Македонија кој тврди дека договорот за кој пишуваа медиумите е потпишан во 2016 година.

Вчера „Експрес.мк“ објави текст во кој се вели дека Рашковски договара спорен тендер вреден седум милиони евра. Како што објави порталот,  во разговор меѓу тројца високи државни функционери се договара тендер финансиран од Европската Банка за обнова и развој (ЕБРД).

По објавување на транскриптот и аудио формата кои се објавени без никакви промени се огласи и Рашковски кој вели дека тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година.

На официјалната страна на М-НАВ на 14 декември е објавена вест дека е потпишан договор со италијанскиот производител „Леонардо“ за набавка и инсталација на новиот систем за управување со воздушниот сообраќај во М-НАВ.

Според нивниот извештај се вели дека Договорот вклучува нова техничко-оперативна просторија погодна за сместување на системот, а процесот на набавка бил спроведен во согласност со правилата и полисите на ЕБОР, со што целокупниот процес беше надгледуван и одобрен од ЕБРД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.