Во тек е исплатата за месеците октомври, ноември и декември за МојДДВ. Треба да се вратат 382 милиони денари или 6,1 милион евра, информираше директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција.

Лукаревска исто така, рече дека поврат на Викенд без ДДВ немаат добиено единствено оние што имаат внесено погрешна трансакциска сметка.

За оние кои се уште немаат добиено поврат на викенд без ДДВ сметам дека тој секаде го исплативме освен каде што има грешки во трансакциската сметка, како неточно внесена или не е лична трансакциската сметка. Меѓутоа многу пати кога сме разговарале со граѓаните станува збор и за минимален износ кој не го виделе се уште на сметката. Се она кое има како проблем во делот на неисплатени средства од Викенд без ДДВ сметам дека тоа е околу 1 отсто и Контакт центарот и сите вработени работата на тоа да се расчистат овие проблеми – изјави таа.

Според неа на сите пораки испратени преку меил адресата и преку официјалната страна, е одговорено и е констатирано дека во одредени случаи грешката е кај корисникот, но дека некогаш се јавува грешка и во налозите кои се ислаќаат до Министерството за финансии.

Постои посебна меил адреса и страна во делот на оваа мерка и секако на сите пораки е одговорено, некаде е грешка на самиот корисник, а некаде секако и во моментот кога ги испраќаме налозите кон Мининистерството за финанссии и исплата доколку на тој налог од повеќе илјади корисници има само една трансакциска грешка целиот тој налог ни се враќа за дополнителна обработка и корекција. Овие и слични проблеми во делот на ДДВ ќе промовираме во нареден период, кога ќе промовираме и една новина во делот на Мој ДДВ која ќе се однесува на самиот систем – рече Лукаревска.

Директорката испрати апел до граѓаните да ги проверат трансакциските сметки и да извршат потребните корекции, но и доколку ја сменат банка да се погрижат да ја внесат новата трансакциската сметка во системот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.