Носителката на ИЕ 2 Сања Лукаревска, при посетата на општина Липково, рече дека е горда што е носителка токму на ИЕ2, бидејќи таа е достоинствен репрезент и пример за разноликост, за соживот и за заедништво.

Без разлика на кој етникум и вера припаѓаме, сите имаме исти потреби и исти или слични проблеми. Изминатите три години направивме многу! Ја внесовме државата во НАТО, на пат сме да станеме членка на ЕУ! Но, ги покачивме и платите и пензиите, ја покачивме и социјалната помош за дури 300 %. На граѓаните им е доста од националистичка реторика. Тие сакаат решенија за реалните проблеми, рече Лукаревска.

Лукаревска кажа дека и по 15 јули, ќе се продолжи по исправниот пар.

Ќе продолжиме да ги враќаме парите назад кај граѓаните! Платите и пензиите ќе продолжат да растат. Минималната плата ќе ја зголемиме на 20.000 денари, додека просечната плата ќе расте до 34. 000 денари. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21%. Обезбедуваме достоинствен живот за сите наши граѓани, рече Лукаревска, се наведува во соопштението на СДСМ..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.