Директорката на УЈП и потпретседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, одговарајќи на прашање во емисијата „24 анализа“ дали таа ќе прими „неквалификувани кадри“, односно рамковно вработени во институцијата на чие чело е изјави дека тоа најверојатно ќе се случи.

Веројатно ќе вработиме. Ние имаме недостаток на кадар. Имаше законско решение, соодветен план, сите бевме консултирани и ги разгледуваме можностите. Сите кадри во УЈП се во таа систематизација – изјави Лукаревска.

Според неа, сите такви лица ќе бидат ставени на тест и за нив немало да има „прогледување низ прсти“ во УЈП.

Ако не се покажат резултати, тогаш ќе се поздравиме соодветно. Никој директор кој си ја сака институцијата, не би сакал дамки во работењето – изјави Лукаревска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.